Лекари предупредуваат за опасна техника на зголемување на пенисот: Пациентите доаѓаат со модринки и болки

Фото: Pexels / Deon Black

Техниката за зголемување на пенисот наречена „џелкинг“ (jelqing) станува сè попопуларна, а лекарите ги предупредуваат мажите за нејзината опасност.

Имено, овој тренд подразбира влечење и истегнување на пенисот при делумна ерекција. Некои тврдат дека на овој начин може да се зголеми пенисот и да се продолжи ерекцијата. Сепак, ова е далеку од вистината бидејќи не постојат студии кои ја докажуваат оваа теорија, пишува „Сан“.

Докторката Сара Џарвис вели дека мажите можат да добијат Пејрониева болест поради оваа техника. Тоа е фиброзно згуснување кое го собира и деформира пенисот, искривувајќи го за време на ерекцијата.

„Обично е видливо само кога пенисот е во ерекција, но сепак може да биде проблематично бидејќи може да предизвика болна ерекција и да го отежне сексот“, изјавила таа.

Урологот Џамин Брамбхат вели дека вежбата е само губење време.

„Може да биде многу болно, а понекогаш може да бидат потребни три до шест месеци, па дури и една година дури да забележите некаква промена“, објасни тој.

Докторот Џастин Дубин за „Псајколоџи тудеј“ изјави дека во 2023 година има зголемување на бројот на пациенти со оваа болест. Напомена и дека овој тренд го следат претежно млади мажи.

„Сум имал мажи кои доаѓале во мојата канцеларија со модринки, болки и оштетени пениси. Не сум видел како ги кршат пенисите додека ја практикуваат оваа вежба. Сепак, овој ‘трик’ на кој мажите посегнуваат може да го зголеми нивниот ризик од развој Пејрониевата болест во иднина, која всушност може да им ги намали пенисите“, изјавил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот