Лекар предупредува: Ако ве мачи несоница, не ги правете овие активности пред спиење

Фото: Pexels/cottonbro studio

Доколку лежите во кревет повеќе од половина час и не можете да заспиете, време е да ги преземете работите во свои раце, вели еден доктор.

Понекогаш се чини невозможно да заспиете навечер, без оглед на тоа колку сте уморни. Стресот, анксиозноста, болестите и болката се само некои од многуте фактори што можат да предизвикаат несоница, пишува „Н1“.

Експертите велат дека секој трет човек во одреден момент ќе има проблеми со спиењето. Имајќи го тоа на ум, доктор сподели неколку совети за тоа како да заспиете, вклучително и што да не правите.

Д-р Мајро Фигура советува луѓето да не остануваат в кревет ако не можат да заспијат затоа што мозокот е многу активиран и потребна е промена на средината. Докторот предлага да одите во другата соба и да започнете некаква активност.

„Одете во друга соба и правете нешто досадно во слабо осветлена средина. Работи како плетење, читање, зјапање низ прозорецот. Мора да го рестартирате лачењето на мелатонин во епифизата“, објаснува докторот.

Тој предупреди дека никогаш не треба да посегнуваме по каков било екран во такви моменти.

„Вашиот лаптоп или вашиот мобилен телефон ќе испуштаат сина светлина што ќе го прекине тој циклус. Ако сè уште не сте уморни, обидете се со техники на длабоко дишење“, вели докторот.

Исто така, тој препорача да земате мелатонин ако не можете да заспиете.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот