Легендата на Премиер лигата има свој фаворит сезонава: Челси изгледа незапирливо

Ридигер се смета за еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата/ 19 септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Neil Hall

Воведните кола во Премиер лигата најавуваат интересна сезона во која неколку екипи до последното коло се очекува да се борат за титулата.

По пет кола, на чело на табелата се наоѓаат Челси, Ливерпул и Манчестер јунајтед со по 13 бодови, а легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер смета дека „сините“ се главен фаворит за титулата.

– Само што започна трката за титулата во Премиер лигата, но веќе сега Челси изгледа незапирливо. Екипата предводена од Томас Тухел изгледа навистина импресивно, дури и кога не играат добро или работите на теренот не им одат во корист како што беше исклучувањето на Џејмс против Ливерпул, тие се во состојба да бидат рамноправен противник. Со одличната победа над Тотенхем уште еднаш покажаа дека имаат силен тим и одличен тренер – изјави Ширер.

Челси во петте кола оствари четири победи и едно реми против Ливерпул, а во сабота на „Стемфорд бриџ“ ги очекува уште едно големо дерби, против актуелниот шампион Манчестер сити.

– Сигурно не се стравуваат од Сити. Челси и Тухел минатата сезона три пати ги победија „граѓаните“, дури и во финалето на Лигата на шампионите. Убеден сум дека ќе бидат подготвени за Пеп Гвардиола – додава Ширер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот