Легендата на Њујорк Никс, Јуинг позитивен на коронавирус

фото: твитер

Јуинг во кариерата играше 15 сезони во дресот на Њујорк Никс, а последните две ги одигра во Сиетл и Орландо.

Поранешниот НБА кошаркар, 57-годишниот Патрик Јуинг е позитивен на коронавирус и се наоѓа во болница.

Еден од најдобрите центри во историјата на лигата, на социјалните мрежи ја соопшти оваа вест и им се заблагодари на медицинските работници кои се грижат за него.

Јуинг во кариерата играше 15 сезони во дресот на Њујорк Никс, а последните две ги одигра во Сиетл и Орландо.

На 1183 натпревари просечно во текот на кариерата забележа 21 поен, 9,8 скокови и 2,4 блокади.

Со репрезентацијата на САД освои два златни олимписки медали, во Лос Анџелес 1984 и Барселона 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот