Легендарниот напаѓач Бирхоф со решение за Лигата на нации

фото:ффм

– Форма на турнир би било добра алтернатива – рече екс шампионот на Серија А за магазинот „Кикер“.

Поранешниот германски репрезентативец, а сега директор на тамошната фудбалска федерација, Оливер Бирхоф предлага Лигата на нации да се игра во форма на турнир, на неутрален терен.

Бидејќи пандемијата на коронавирус ги блокираше сите спортски настани речиси три месеци, па многу големи спортски натпреварувања се одложени или откажани, се направи „гужва“ во календарите во разни спортови.

Европското првенство во фудбал е одложено за следната година, што создаде проблеми во Лигата на нации, што требаше да започне следната есен, и секоја репрезентација ги игра своите натпревари на домашен и гостински терен.

Македонија веќе ги доби новите ривали во повисокиот ранг „Лигата Ц“, но вниманието е воглавно насочено кон плејоф натпреварите за учество на следното ЕП и полуфиналниот дуел со Косово за што УЕФА треба да донесе одлука за нов термин.

Форма на турнир би било добра алтернатива – рече Бирхоф за магазинот „Кикер“.

Според него, со оглед дека гледачите нема да можат да ги следат натпреварите од трибините до есен, националните фудбалски федерации полесно ќе се согласат со овој формат на натпреварување. Фудбалерите не би се замориле од непотребни патувања, а контролата на репрезентациите поради коронавирусот би била полесна.

Бирхоф воедно ја нуди Германија како можен домаќин.

Го имаме потребното знаење и сме одлични организатори, што веќе докажавме. Доколку на тој начин би ѝ помогнале на УЕФА, ние сме подготвени – додаде Бирхоф.

Овој поранешен напаѓач во кариерата ја освои Серија А со Милан, а со германската репрезентација беше европски шампион во 1996 година, а светски вицепрвак во 2002.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот