Усаин Болт/ EPA/Heiko Junge NORWAY OUT

Легендарниот Болт би можел да настапи на Олимписките игри во Лос Анџелес?

Легендарниот атлетичар и најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, зборуваше за можен камбек на Олимписките игри во 2028 година во Лос Анџелес, но овојпат во дисциплина по која не ја изгради својата светска слава.

Болт ја заврши блескавата атлетска кариера во 2017 година, оставајќи зад себе рекорди кои и понатаму изгледаат недостижно, 9,58 секунди на 100 метри и 19,19 секунди на 200 метри, резултати што го врежаа неговото име во историјата на спортот.

Иако одамна е надвор од атлетските патеки, Болт не ја исклучува можноста повторно да се појави на најголемата спортска сцена. Овојпат, сепак, не како спринтер, туку како потенцијален репрезентативец на Јамајка во крикет, спорт кој, како што откри, го играл паралелно со атлетиката.

„Не сум играл долго време крикет, но ако ме повикаат, ќе бидам подготвен“, изјави Болт.

Крикетот во Лос Анџелес повторно ќе биде дел од олимписката програма по пауза од дури 128 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот