Легендарната Твиги остро ги осуди сестрите Кардашијан – Тие се лош пример, поради нив сè повеќе девојки изгледаат пластично
Легендарната поранешна манекенка Твиги ги осуди сестрите Кардашијан бидејќи во нив ја гледа вината за наметнувањето на искривените стандарди на убавина.
Препорачано
„Пластичните операции станаа сосема нормална работа. Навистина не ги сакам тие филери со кои хирурзите ги пополнуваат лицата на жените. Поради нив, тие изгледаат како верверици”, истакна 70-годишната поранешна британска манекенка.

Твиги признала дека во еден момент посакала да оди на корекции, но набрзо се откажала од таа идеја. Жената која најголемата слава ја имаше во текот на 60-тите години и беше една од најплатените и највпечатливите модели изнесе остри критики на сметка на сестрите Кардашијан.
„Од 2016 година, хируршките интервенции пораснале за 41 процент, што е загрижувачка информација”, вели таа.

За порастот на пластичните зафати, вината ја пронаоѓа во семејството Кардашијан, бидејќи како што вели таа, тие се платени да го рекламираат таквиот изглед и таквите интервенции.
„Не ми се допаѓа како изгледаат, се на нив е пластично и лажно. Многу девојки по нивниот пример одат „под нож” и изгледаат неприродно и непривлечно. Тие им се пример во животот, а не се однесуваат така. Треба да бидат поодговорни и да водат грижа каква слика и порака им испраќаат на младите девојки”, заклучи Твиги.

Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
58мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


