Ледени кифлички: Колку подолго стојат, толку се поубави и помеки! (РЕЦЕПТ) – Слободен печат
ЕспресоЖенаМагазинХрана

Ледени кифлички: Колку подолго стојат, толку се поубави и помеки! (РЕЦЕПТ)

Колку подолго стојат, толку се поубави и помеки, пробајте ги овие ледени кифлички, нивниот вкус ќе ве воодушеви.

Вкусот на овие кифлички неодоливо потсетува на ванилици…

Состојки: 250 грама маст, 4 лажици шеќер, 1 јајце, 150 грама топло млеко, 1 кесичка сув квасец, 500 грама брашно, рендана кора од лимон, 1 ванилин шеќер.

За полнење: Џем од капини или некој друг по ваш избор, шеќер во прав.

Подготовка: Изматете ја маста, јајцето и шеќерот, па во тоа додадете го млекото, брашното и останатите состојки. Соединете го и изматете го тестото па ставете го во фрижидер на 3-4 часа. Тестото премесете го и поделете го на 5 делови.

Секој дел развлечете го во круг и поделете го на 8 делови. На секој дел ставете малку џем, завиткајте ги кифличките и ставете ги на плех, па потоа во загрена рерна на 180 степени некои 20-тина минути.
Кифлите треба да останат светли. Наросете ги со прав шеќер и послужете.

Овие ледени кифлички ќе ве воодушеват, бидејќи колку подолго стојат толку се помеки и повкусни.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close