Ле Мер: Исфрлањето на Русија од СВИФТ е последна опција

Фото Архива на СП

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека постои опција Русија да се исклучи од глобалниот систем за плаќање СВИФТ, но дека тоа го смета за последно средство. САД и ЕУ одлучија да не ја исфрлат Русија од СВИФТ како дел од новите санкции против Русија поради инвазијата на Украина.

Сепак, ова прашање може да се разгледа подоцна, рече американскиот претседател Џо Бајден.

Ле Мер изјави дека Европската унија сака финансиски да ја изолира Русија, додека зборуваше заедно со својот германски колега Кристијан Линднер на состанокот на министрите за финансии на ЕУ.

„Ќе бидат погодени руските банки. Сакаме да ја изолираме Русија финансиски. Сакаме да ги прекинеме сите врски меѓу Русија и глобалниот финансиски систем”, рече Ле Мер.

Проектили го погодија украинскиот главен град денеска, а украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика меѓународната заедница да стори повеќе, нагласувајќи дека санкциите објавени досега не се доволни.

Германски министер: Првите санкции се воведени кон Русија

„СВИФТ е последно средство, но тоа е една од опциите што остануваат на маса“, изјави Ле Мер на новинарите денеска пред состанокот во Париз со неговите колеги од еврозоната. Пред истиот состанок, германскиот министер за финансии Кристијан Линднер рече дека сите опции се на маса покрај веќе договорените.

„Првите санкции беа воведени кон Русија. Тие му штетат на рускиот народ и сериозно ќе ја блокираат руската економија“, рече Линднер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот