Лазаров во Топ 3 најдобри екс-ју ракометари според „Балкан Хандбал“

Кирил Лазаров
Македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров блеска и на 41 година/Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Лука Циндриќ, поранешниот играч на Вардар 1961, го доби признанието за најдобар екс-ју ракометар во сезоната 2020/2021.

Хрватскиот репрезентативец Циндриќ беше дел од шампионската екипа на Барселона која се закити со пехарот во Лигата на шампионите во Келн и така дојде до својот втор трофеј во најдоброто европско клупско натпреварување после првиот првиот освоен со Вардар во 2017 година.

Хрватскиот ас освои вкупно 22 поени од жирито на специјализараниот веб портал за ракомет, „Балкан-Хандбал“.

На второто место се најде неговиот сонароник Домагој Дувњак со 19 поени, а на третата позиција македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со 15. Во изборот се најдоа уште Блаж Јанц (13), Бенјамин Буриќ (10) и Марко Безјак (два).

Изборот на „Балкан-Хандбал“ подразбира микс на гласови од посетителите на сајтот и новинарското жири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот