Лазаров во дрим тимот на поранешна Југославија на 21. век

фото:твитер

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров се наоѓа меѓу најдобрите ракометари во сите можни избори.

Данскиот ракометар Расмус Бојсен во време на пауза од ракометните возбудувања поради пандемијата на коронавирусот продолжува да прави идеални ракометни тимови.

Овај пат Бојсен направи дрим тим од ракометари од просторија на поранешна Југославија на 21. век и во него се најде Лазаров.

На голот на дрим тимот е Хрватот Венио Лорес, а крила се Мирза Џомба од Хрватска и Словенецот Лука Звижеј.

Најдобар пикер е поранешниот хрватски репрезентативец Игор Вори, додека бековската линија покрај Лазаров ја сочинуваат и Хрватите, Ивано Балиќ и Домагој Дувњак. Најдобар дефанзивец е Мирсад Терзиќ од Босна и Херцеговина, додека тренер на ваков дрим тим е Лино Червар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот