Лазаров: Со позитивни мисли започнуваме нов циклус со Брестовац

EPA-EFE/LUKAS BARTH-TUTTAS

Капитенот на ракометната репрезентација е оптимистички расположен во пресрет на двата квалификациски натпревари против Исланд за пласман на ЕП 2020. Ракометарите се собраа денеска, ќе одржат еден тренинг и утре заминуваат за Рејкјавик каде в среда ги очекува првата од двете планирани пресметки со добро познатиот ривал.
Овој дуел воедно ќе биде и деби на Данило Брестовац на селекторската функција по заминувањето на Раул Гонзалез.

–  Времето не треба да но биде алиби. Во репрезентацијата помалку или повеќе се познаваме добро, воиграни сме, долги години играме заедно, со еден исклучок сега имаме имаме нов селектор. Очекувам два тешки натпревари. Ако треба да го рангирам Исланд, тогаш тие не се ви топ 5, туку во топ 10 европски репрезентации но и ние сме тука некаде. Треба да градиме победнички менталитет за овие млади играчи. Секогаш треба да се поставуваме победнички па макар играле и против една Франција. Се познаваме добр, се  надевам дека  сите се добри и здрави со исклучок на Манасков кој ни се приклучива во Исланд и со позитивни мисли се вклучуваме во нов циклус на чело со Брестовац – вели Лазаров.

Последниот дуел помеѓу Македонија и Исланд беше во јануари годинава на СП во Германија, а како победник излезе селекцијата на Исланд која славеше со 24:22.

– Добро се познаваме со Исланд, мислам дека во последните години одигравме многу натпревари кои сме ги губеле но и победувале. Најсвежо ни е од последното СП во Германија каде иако цел натпревар водевме на крајот загубивме тесно. Играме против солидна и подмладена репрезентација која според мене ја води најдобриот исландски тренер Гудмундур Гудмундсон – потенцира Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот