Лазаров повторно блескаше, Македонецот без грешка против Шамбери!

фото: твитер/HBCNantes

Денеска во рамките од осмото коло во најсилното француско првенство екипата на Нант триумфираше убедливо на гостувањето кај Шамбери со резултат 26:35.

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров имаше придонес во освојувањето на бодовите со пет постигнати голови (5/5), без грешка, четири од нив беа реализирани од пенал.

Поефикасни од нашиот десен бек беа само Брие и Балагер кои по шестпати се запишуваа во листата на стрелците.

Ова е враќање на победничкиот пат на Нант во шампионатот после ремито со Монпеље и поразот од Лимож.

Моментно после четвртата победа сезонава е на третото место со девет бода и два меча помалку од водечките ПСЖ (16) и Лимож (11).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот