Лазаров поразен во дербито против ПСЖ и Гонзалез

Фото: twitter.com/HBCNantes

Во дербито на колото во најсилната француска лига Нант загуби на домашен терен од составот на ПСЖ со резултат 24:26 (11:12).

Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров за домашната екипа реализираше четири голови.

На спротивната страна најефикасен беше Микел Хансен кој седумпати се запиша во листата на стрелците. Значаен придонес во триумфот имаше и голманот Винсен Жерар кој забележа дури 20 одбрани.

На табелата ПСЖ предводен од екс тренерот на Вардар 1961 и наш поранешен селектор, Раул Гонзалез, и натаму останува единствениот непоразен оваа сезона со максимални 11 победи на врвот (22 бодови).

Нант со вториот пораз во шампионатот моментно е на петтото место со 13 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот