Лазаров по победата над Црна Гора: Играчите беа одлични, резултатот не беше важен

Селекторот на најдобрите македонски ракометари, Кирил Лазаров/фото: РФМ

Македонската ракометна сениорска репрезентација славеше над Црна Гора (39:37) во контролниот натпревар како дел од подготовките пред настапот на Европското првенство.

Скоро 10 дена избраниците на селекторот Кирил Лазаров тренираат во Стара Пазова, Србија, со цел играчите бидат на потребното ниво пред дуелите од групната фаза на ЕП против Франција, домаќинот Германија и Швајцарија.

Следуваат неколку дена пауза, а на 2 јануари како што најави селекторот ќе почне вториот дел од подготовките во кои ќе се одиграат уште два тест мечеви против Грција во Скопје.

Лазаров за денешниот натпревар кажа дека резултатот не беше во преден план, туку идејата е да се спроведе сето тоа она што се работи на тренинзите:

– Одлична проверка за нашиот национален тим со сериозен противник кој располага со одлични играчи кои играат во одлични клубови. Резултатот на мечот воопшто не беше важен, идејата беше да го спроведеме сето она што го работевме на подготовките. Момците денеска беа одлични, особено во борбеноста и нивната желба со која влегоа на овој пријателски натпревар. Играчите ќе добијат заслужен одмор. Со работа продолжуваме на 2 јануари – рече Лазаров по мечот со Црна Гора.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот