Лазаров: Ќе се обидеме повторно да ја изненадиме Ла Риоха

фото: РК Алкалоид

Во вторник од 18.45 часот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје ќе се игра ракометниот клуб Алкалоид ќе го игра својот последен натпревар сезонава во Европската лига на ЕХФ.

Македонскиот вицешампион кој ги загуби шансите за пласман во следната фаза, ќе има последна шанса да дојде до нови бодови во рамките од групата „Ф“ против Ла Риоха.

А токму против оваа шпанска екипа играчите на тренерот Кирил Лазаров го освоија првиот историски бод на меѓународната сцена и тоа на гостински терен (29:29).

– Успеавме да ја изненадиме Ла Риоха на нејзин терен. Ќе дадеме максимум и ќе се обидеме тоа да го направиме и дома – вели Лазаров.

Билети за овој дуел по цена од 100 или 150 денари навивачите, верните љубители на ракометот и спортот може да набават преку продажната мрежа на „МкТикетс“.

Лазаров: Вардар двапати беше европски првак, но репрезентацијата не доби ништо од тоа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот