Алкалоид го освои првиот европски бод
Maкедонскиот вицешампион, Алкалоид освои историски бод на незгодното гостување кај шпанската Ла Риоха (29:29) во рамките од второто коло во групната фаза од Европската лига.
Препорачано
Ракометарите на Ла Риоха имаа предност од три гола на стартот од натпреварот, но македонскиот претставник не дозволуваше ривалот да направи поголема разлика. Набрзо резултат беше изедначен (7:7).
Во продолжение гледавме голема битка на теренот и на пауза Алкалоид водеше со 18:15. Ла Риоха поведе со четири гола во второто полувреме, меѓутоа потоа следуваше серија на Алкалоид од 5:0 со која успеа да го сврти резултатот во своја корист и да поведе со 21:20.
Домаќините сепак одново заиграа подобри и во финишот влегоа со предност од три гола разлика (28:25). Алкалоид во завршницата по една вистинска драма успеа да дојде до реми и првиот освоен бод во Европа.
Најефикасни во македонскиот вицешампион беа Арно Бинго со седум и Џонов со седум гола. На спротивната страна Пресиадо Рамос постигна седум гола.
На табелата во групата Војводина е лидер со четири бода потоа следи Бјерингбро/Силкеборг со два, а по еден имаат Алкалоид и Ла Риоха.


