фото: EPA-EFE/Christopher Neundorf

Лазаров: Ќе го дадеме максимумот, ќе видиме дали тоа ќе биде доволно

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за настапот на Европското првенство, кое во јануари ќе се одржи во Данска.

Селекторот Кире Лазаров повика 21 ракометар и во изјава за медиумите нагласи дека најважно за македонскиот ракомет е задржувањето на континуитетот на настапи на големите натпреварувања.

„Веќе неколку години во континуитет сме дел од големите натпреварувања и тоа е исклучително важно, не само за ракометот, туку и за македонскиот спорт во целина. Европското првенство е можеби и најквалитетното натпреварување, бидејќи таму настапуваат најдобрите репрезентации во Европа. Од третиот шешир не можеш да добиеш лесна група – дали ќе биде Данска, Франција или Германија, разликата е мала. Ние ја добивме Данска, актуелен светски и олимписки шампион, Португалија од вториот шешир и Романија од последниотпрашање беше само дали ќе ја добиеме Данска, Франција или Германија. Го имаме од првиот шешир светскиот и олимписки шампион, од вториот шешир ја добивме Португалија која на последното првенство играше полуфинале и се бореше за медал. Трет ривал е Романија. Спортски е да се надеваме, да се бориме, да го дадеме најдоброто од нас. Ќе имаме квалитетни подготовки овозможени од РФМ да се спремиме. Составот е тој според стандардните, ќе ни фали Милан Лазаревски кој се уште не е долечен и нема натпревар оваа сезона, така што шанса добија други играчи. Наше е да се спремиме и да го дадеме најдоброто од нас. Не е коректно и реално да даваме преоптимистички изјави, туку да ветиме дека ќе го дадеме најдоброто од нас, а ќе видиме тоа за што ќе биде доволно“, изјави Лазаров.

Селектор смета дека полека репрезентативците го градат победничкиот менталитет.

„Мислам дека ние пополека го градиме тој победнички менталитет. Респект максимален за сите имаме. Се познаваме подолго. Јас очекувам поддршка за овие млади момци надоградени со двајца поискусни играчи над 30+. Другите се сите под 30 години. Мислам дека ако тие ја почувствуваат поддршката ќе имаат и поголем оптимизам со позитивен исход. Селекторот е тука, јас сум спремен за сите критики и да го понесам товарот, но верувам во овие играчи и оваа селекција. Одиме ден за ден, чекор по чекор, да се подготвиме добро. Имаме пријателски мечеви до шампионатот, така што играчите кои во македонската лига не добиваат шанса, а се репрезентативци, затоа што нас изборот ни е тој, не може да решаваме со изборот, затоа така е направен подготвителниот период со повеќе натпревари, за играчите кои добиваат помала шанса во нивните клубови, да имаме пооптимална форма за првенството. Нема да имаме физички подготовки толку, туку играчите да се внесат во оптимална форма како колектив за шампионатот“, изјави Лазаров.

Лазаров го скрати списокот за Европското првенство на 21 ракометар

Преземено од: Sport.com.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот