Лапорта одби понуда од 250 милиони евра за Меси!

twitter/FC Barcelona

Доколку Жоан Лапорта повторно биде претседател на фудбалскиот клуб Барселона, навивачите можат да се надеваат дека тој ќе го даде сиот максимум да го задржи Лионел Меси во екипата.

А тоа веќе еднаш го направи, односно самиот откри дека на денот кога ја објави својата кандидатура за нов претседател на Барселона, во 2006 година ја одби астрономската понуда на Масимо Морати, шефот на Интер, за тогаш тинејџерот Меси.

Лео дебитираше за Каталонците во 2004 година, а две години подоцна експертите предвидуваа дека Аргентинецот ќе биде светско фудбалско чудо на терените.

Планот на Фонт: Меси да остане, Гвардиола да дојде во Барселона

– Отсекогаш сме имале понуди за Меси. Мората ми понуди 250 милиони евра во 2006 година, но го одбив. Тогаш видов дека семејството Меси има доверба во мене и во Барселона. Таткото на Лео ме праша што да прават и им реков дека е најдобро да остане во клубот, бидејќи тој ќе ги постигне најголемите успеси на „Камп Ноу, дека ќе постигне слава – рече Лапорта, кој беше претседател на клубот до 2010 година.

Така и беше, Меси се промовираше во еден од најдобрите фудбалери во светот, до сега постигна 641 гол на 743 натпревари за Барса, има освоено 10 титули шампион на Шпанија, четири во Лигата на шампионите, шест „Златни топки“..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот