Френк Лампард/Coventry City FC

Лампард гази во Чемпионшип – клубот со огромна традиција по половина век е пред враќање во Премиер лигата

Никаде во светот нема толку многу клубови со богата традиција и култен статус како во Премиер лига и англискиот фудбал воопшто. Дел од тие клубови со текот на времето паднаа во заборав, но еден од нив оваа сезона е на чекор од големо враќање меѓу најдобрите.

Станува збор за Ковентри сити, тим кој по долги 25 години чекање е многу блиску враќање во елитата. Последниот настап во Премиер лигата клубот го имаше во 2001 година, по што следуваа тешки години и пад дури до четвртата лига на англискиот фудбал. Сепак, работите конечно тргнаа во вистинска насока, а голема заслуга за тоа има тренерот Френк Лампард, кој го донесе тимот на чекор од големото враќање.

Во моментов Ковентри има девет бода предност во однос на третопласираниот Милвол, на девет кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип. Со оглед на тоа што тимот има и релативно полесен распоред од директните конкуренти, шансите за директен пласман во Премиер лигата се повеќе од реални.

Клубот уште пред почетокот на сезоната важеше за еден од главните фаворити за промоција, а таквата улога само ја потврдија со досега одличната сезона во првенството.

Најголемиот успех во историјата на клубот е освојувањето на ФА купот во 1987, а интересно е што пред испаѓањето во 2001 година Ковентри дури 34 години во низа беше дел од елитното друштво на англискиот фудбал. Затоа нивното можно враќање се смета за вистинско освежување и симболично враќање таму каде што многумина сметаат дека припаѓаат.

Во меѓувреме, во Чемпионшип се очекува жестока битка за втората позиција, која исто така носи директен пласман во Премиер лигата. Во моментов на таа позиција е Мидлсброу, со само еден бод повеќе од Милвол.

Во игра остануваат и Ипсвич, кој заостанува четири бода, како и Хал сити со шест бода помалку од второто место.

Освен двете директни позиции за промоција, како што е познато се игра и плејоф за последното место. Во моментов на тие позиции се Милвол, Ипсвич, Хал сити и Рексам.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот