Лаќа ограбен и убиен во Израел?! Фута има страотна теорија за смртта на својот син

Милан Радуловиќ Лаќа
Милан Радуловиќ Лаќа / Фото: Твитер/Милан Радуловиќ Лаќа

Александар Фута Радуловиќ сѐ уште не може да се помири со фактот дека неговиот син Милан Радуловиќ Лаќа починал од, како што објавија медиумите, предозирање со недозволени супстанции, па на најблиските им се доверил дека не ја исклучува можноста дека Лаќа бил ограбен и убиен во Израел и оставен на улица!

Како што дознава српски „Курир“ од извор близок до семејството, на познатиот композитор сѐ уште ништо не му е јасно, а дополнителен сомнеж предизвикувло и тоа што не се познати официјални детали за причината за смртта, како и тоа што телото на Лаќа било пронајден во озлогласена населба. Во тој дел, како што веќе беше напишано, најмногу се собираат луѓе склони кон пороци, но тука редовно се случуваат и грабежи, и тоа најчесто на туристи, на кои им се советува во никој случај да не одат таму.


– Фута и понатаму е многу збунет и сѐ му е сомнително. Тој се обидува во својата глава да ги состави коцките од она што таму се случувало, но некои работи не му се јасни. На прво место, сомнеж му буди тоа што тој сместувањето го напуштил со ранец, во кој имал паричник и документи, а кој, како што слушнал, не бил пронајден покрај телото. Тој ранец Лаќа постојано го имал со себе, го имал и на грбот на една од последните фотографии што ги објави од Назарет. Доколку беше пронајден тој ранец, веднаш на лице место можеше да се утврди неговиот идентитет, што не беше случај, туку тоа беше утврдено многу подоцна. Затоа, тој смета дека е многу можно некој да го следел Лаќа или да го пресретнал на улица и дека ранецот да му го зел сосе работите. Особено го вознемирило и тоа што тој дел од градот е познат како озлогласен, па не ја исклучува можноста некој да го дрогирал со некој опијат или да му вбризгал нешто и така го оставил да лежи на улица. Таму, многу го има тоа – вели изворот и продолжил:

 


– Сѐ уште размислува и во врска за обдукцијата. Сето ова му е многу тешко. Тој би сакал Лаќа што поскоро да биде погребан покрај брат му и мајка му и конечно да го најде својот мир. Тој веќе нема син, како и да се сврти, и ништо повеќе не му е важно. Но, го боли тоа што веднаш напишаа дека починал од внесување на прекумерна доза на недозволени супстанции во организмот. Не е тајна дека Лаќа се бореше со тоа во минатото, но колку што знае тој, се изборил со овој порок. Тој како татко сигурно нешто би забележал, а откако Лаќа замина за Израел, делуваше посреќно и порасположено отколку кога беше во Србија. Разговараа секој ден и верува дека тој би му се пожалил доколку имал некакви проблеми – заклучува изворот за „Курир“.

Сопругот на Марина Туцакоциќ во лоша состојба, интервенирала и Брза помош

ФОТО | Твитал и уживал со пријателите: Последните часови од животот на синот на Марина Туцаковиќ

Трагичната судбина на Марина Туцаковиќ и нејзините синови

ФОТО | „Се извинувам што ве навредив како сопруга и мајка“: Лаќа пред смртта и испратил порака на Карлеуша

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот