Сопругот на Марина Туцакоциќ во лоша состојба, интервенирала и Брза помош

Фото: Принтскрин - Instagram

Милан Радуловиќ Лаќа беше професионална слика и прилика на своите познати мајка и татко. Освен како успешен текстописец, Лаќа, како и неговиот татко Александар Радуловиќ – Фута, беше талентиран за продукција и аранжман на песни, а уште од мали нозе ѝ помагаше на мајка си при големите хитови како „Автограм“ на Цеца и „Ајде иди“ и „Сто пута“ на Здравко Чолиќ.

Смртта на Милан ја потресе забавната индустрија, бројните соработници и пријатели, а младиот текстописец зад себе го остави неговиот неутешен татко.


Фута, откако дознал за оваа трагедија, целосно пропаднал, па семејството синоќа морало да повика екипа за итна помош, како што пишува „Курир“.

При прегледот било констатирано дека Фута е многу вознемирен поради големата трагедија која ја доживеа и морал да прима смирувачка терапија, пишува споменатиот портал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by showbuzz.hr (@showbuzzhr)


Радуловиќ прво го загуби синот Милош, кој почина на 24-годишна возраст. После тоа, минатата година почина Марина Туцаковиќ,  текстописец и сопруга на Фута.


По овие две големи загуби, Фута деновиве доживеа и уште една трагедија, кога почина и неговиот втор син, Лаќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 24sedam SHOWBIZ (@24sedam_showbiz)


Според извори блиски до музичарите, Фута и кога Марина починала тешко се носел со таа загуба. Често плачел и чувствувал дека нема мотив за живот.


Меѓутоа, смртта на Лаќа беше неочекуван и огромен удар за него, па неговите блиски се загрижени како ќе ги преживее следните денови и погребот што следи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот