Лајвли и Балдони ставија крај на судската „сапуница“ — постигнаа спогодба две недели пред официјалниот почетокот на судењето
Блејк Лајвли и Џастин Балдони конечно го завршија судскиот спор со спогодба, само две недели пред официјалниот почеток на судењето. Познатата актерка постигна договор со продукциската куќа на Балдони, „Wayfarer Studios“, и неговата ПР-агенција, ставајќи крај на речиси двегодишните јавни и правни несогласувања, пишува „Би-би-си“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во заедничко соопштение, двете страни признаа дека снимањето на филмот било полно со предизвици, напнатост и несогласувања. И покрај постигнатиот договор, ниту една од страните не упати извинување ниту, пак, призна вина за претходните обвинувања.

Целиот конфликт започна кон крајот на 2024 година, кога Лајвли поднесе тужба против Балдони, тврдејќи дека била изложена на несоодветно однесување за време на снимањето на филмот „Ова завршува со нас“. Минатиот месец судот веќе отфрли голем дел од нејзините обвинувања, вклучувајќи ги и оние за сексуално вознемирување. Од друга страна, Балдони поднесе противтужба против Лајвли и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за клевета, но и тие обвинувања беа отфрлени од страна на судот.
Филмот „Ова завршува со нас“, снимен по популарниот роман на Колин Хувер, оствари голем успех во кината во 2024 година, но неговата промоција остана во сенка на лошите односи меѓу главните актери. Сега, со потпишаната спогодба, двете страни изразија надеж дека конечно ќе можат да продолжат понатаму во мир.


