Лајпциг плаќа 10 милиони евра за нов спортски директор

Макс Еберл е спортски директор на Борусија Менхенгладбах/фото: EPA-EFE/Arne Dedert /

Германскиот бундеслигаш Лајпциг е во преговори со спортскиот директор на Борусија Менхенгладбах, Макс Еберл за кого е подготвен да плати отштета од дури 10 милиони евра.

Еберл кој дури 23 години е дел од управата на Борусија Менхенгладбах „произведе“ многу големи играчи ѝ продаде доста играчи за големи пари, во јануари годинава се повлече од фудбалот поради психички проблеми, но сега сака да се врати и тоа во Лајпциг.

Тимот кој е во сопственост на Ред Бул, се наоѓа во завршни преговори со Еберл кого го гледаат како иден спортски директор и за да потпишат со него се подготвени да платат дури 10 милиони евра на Борусија Менхенгладбах.

Причината за тоа е што Еберл има договор со Борусија до 2026 година.
Доколку се реализира овој трансфер, тоа ќе биде најскапиот кога станува збор за спортските директори во Бундеслигата.

Видео на денот