epa08748744 EU Special Representative for the Pristina-Belgrade Dialogue Miroslav Lajcak (L) and Serbian President Aleksandar Vucic (R) shake hands during the press conference after their meeting in Belgrade, Serbia, 15 October 2020. EPA-EFE/NEMANJA JOVANOVIC

Лајчак: Се што е договорено во дијалогот мора да се исполни, вклучително и ЗСО

 Дијалогот мора да продолжи, Србија е посветена на постигнување компромис и се што е договрено мора да се исполни, е заеднички став на српскиот претседател Александат Вучиќ и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по нивна вечерашна средба.

Српскиот претседател разговорите ги оцени како конструктивни и кажа дека е „подобро да имаме дијалог, отколку да не разговараме, подготвени сме за дијалог и ќе одиме во Брисел на разговори со цел постигнување компромисно решение и нормализирање на односите”.

– Целосната имплементација на Бриселскиот договор е услов без кој не се може за успешност на дијалогот, оцени Вучиќ на прес-конференција по средбата.

Тој образложувајќи го договореното во однос на Заедницата на српски општини (ЗСО), кажа дека „Приштина ја избегнува својата обврска со овој договор и дека Србија ќе инсистира на имплементација на договореното”.

Зошто водевме преговори со Приштина? Очевидно дека некои луѓе немаа доволно храброст, на својата јавност да и кажат дека сите решенија се идеални… Секое решение за кое разговараме е тешко. Но подобро е така, отколку да им оставиме на нашите деца да војуваат во иднина. Мораме да сфатиме дека во наш интерес е да имаме компромис и дека мирот и компромисот не се пораз, истакна Вучиќ.

Лајчак изјави дека на крајот од дијалогот не треба да има ниту едно отворено прашање и дека е разговарано за прашања кои досега не се отворени во дијалогот, како и за оние за кои е постигнат договор, а не се исполнети.

– Мене ми е разбирливо дека некои прашања предизвикуваат емоции поради нивната тежина, но она што е важно е „се што е договорено, мора да се оствари и да се исполни”, нагласи Лајчак.

Тој посочи дека во Приштина имал повеќе состаноци и дека на сите нив е постигнат заклучок дека процесот на дијалог продолжува и се што е договорено мора да се исполни.

– Следен чекор е да се разговара за статусот на ЗСО, и тие преговори ќе се водат во Брисел, изјави Лајчак.

Тој оцени дека е против давање рокови за решавање на косовското прашање, ниту вештачки да се забрзува процесот, ниту да се одолговлекува, напоменувајќи дека овој процес е врзан со европерспективата на двете страни.

(Извор: Бета)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот