Лајчак: Рундата преговори за користење на динарот во Косово беше долга, но разјаснети се важни детали

Специјалниот претставник на Европската Унија за Западен Балкан, Мирослав Лајчак информира дека денешната рунда преговори за користење на динарот во Косово била долга, но дека се разјаснети важни детали.

Лајчак во објава на платформата Х напиша дека претставниците на Белград и Приштина ги изнесле своите предлози за решавање на прашањето за користењето на српскиот динар во Косово.

„Нашите долги разговори помогнаа да се разјаснат важни детали. Следната недела се договоривме повторно да се сретнеме со амбиција да најдеме решение“, напиша Лајчак.

Главните преговарачи на Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бислими денеска 3,5 часа разговарале со Лајчак за одлуката за забрана на употребата на динарот во Косово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот