Лајчак: И Белград и Приштина мора да направат „нешто“ па да очекуваат дека за возврат ќе добијат „нешто“

Фото: euobserver.com

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изјави дека и Белград и Приштина мора да направат нешто за да добиjат нешто, додавајќи дека планира да ги продолжи разговорите во наредните денови и недели.

Имплементацијата на Договорот за патот кон нормализација треба да напредува така што двете страни чекор по чекор, паралелно водејќи се од принципот дека двете страни мора да направат нешто за да добијат за возврат нешто, напиша Лајчак на Фејсбук, сумирајќи ја работна недела.

Тој изјави дека во четвртокот во Брисел со главните преговарачи на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, на одвоени средби разговарале за статутот на Заедницата на српските општини, енергетиката и изборите.

„Разговаравме за повеќе теми – Статутот, Планот за имплементација, енергетиката, регистарските таблички, изборите и исчезнатите лица. Состаноците помогнаа да се постигне напредок за голем број прашања од агендата на нашиот дијалог и се радувам на брзо продолжување. Затоа планирам да ги продолжам разговорите во наредните денови и недели“, рече Лајчак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот