Лаграри: Разговаравме со над 50 клубови, 20 од нив се многу заинтересирани за Европската Суперлига

фото: EPA-EFE/MARISCAL

Откако Европскиот суд на правдата пресуди дека УЕФА и ФИФА немаат право да држат монопол над европскиот и светскиот фудбал, првите луѓе на т.н. „Европска Суперлига“ континуирано работеа на тоа дека проектот дефинитивно ќе заживее.

Како што изјави генералниот секретар на „Европската Суперлига“, Анас Лаграри за француски „Уест-Франс“, проектот има основа да започне натпреварувањето.

– Не сакам да ги именувам клубовите, но од 21 декември разговаравме со над 50 клубови. Можам да кажам дека 20 од нив се многу, многу заинтересирани за нашиот проект. Веќе имаме доволно луѓе да го започнеме натпреварувањето – изјави Лаграри.

УЕФА: Одлуката на судот не значи одобрување на Суперлигата

Тој, сепак, се надева дека сликата дополнително ќе се подобри во догледна иднина. Бидејќи Европскиот суд на правдата даде силен ветер зад официјалната пресуда, во компанијата А22 Спорт Менаџмент, која ги застапува интересите на Суперлигата, сакаат да направат нешто големо и корисно за светскиот фудбал. Во, да потсетиме, многу изменет формат од оној што беше првично претставен пред речиси три години, кога имаше голем бунт на навивачите ширум Европа.

– Сè уште сме во преговори со клубови, здруженија на навивачи и луѓе од фудбалот. Сите ни се јавуваат за подобро да ги разбереме нашите проекти, да ни изнесат можни предлози и алтернативи, што е апсолутно легално и дозволено. Сакаме заедно да го изградиме ова натпреварување и да го подобриме фудбалот – рече Лаграри.

Манчестер јунајтед, Атлетико и Баерн се против формирање на Суперлигата

Додека тој прво кажа дека натпреварите ќе може да се гледаат бесплатно за гледање преку својата платформа „Unify“, Лаграри сега рече дека ќе има месечна претплата.

– Зошто луѓето да плаќаат 40, 50, 60 или 170 евра за претплата, како во Шпанија, кога можете бесплатно да ги гледате натпреварите? Слушнав многу приказни дека ќе имаме само еден натпревар по коло што ќе може бесплатно да се гледа или дека натпреварите ќе може да се гледаат првите три месеци без плаќање. Ова не е вистина. Сите натпревари ќе бидат бесплатни, засекогаш – вели Лаграри, а потоа продолжи:

– Луѓето ќе можат да плаќаат месечна претплата од 10 евра, што ќе им овозможи да избегнуваат да гледаат реклами. Натпреварите ќе може да се гледаат бесплатно. Видете, Gmail е бесплатен, WhatsApp е бесплатен, Instagram исто така… И повторно овие платформи генерираат огромни пари по корисник. Некој кој живее во Франција не сака да ги гледа истите реклами како луѓето во Шпанија“.

Премиер лигата не ја прифаќа т.н. „Суперлига“, навивачите се од витално значење за играта

Да потсетиме, проектот европска Суперлига веќе го одбија Манчестер сити, ПСЖ, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Селтик… Но, на истото останаа Реал Мадрид, Барселона и Наполи. Шпанските гиганти со влезот во ова натпреварување требаше да заработат по една милијарда евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот