Лацио добро помина: Ги задржа бодовите, но Лотито и лекарите суспендирани

epa08513137 Lazio's president Claudio Lotito in a protective before the Italian Serie A soccer match between SS Lazio and ACF Fiorentina at Olimpico stadium in Rome, Italy, 27 June 2020. EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Итлаијанските медиуми објавија дека Лацио се спаси од одземање на бодови, но и дека сопственикот на клубот, Клаудио Лотито е суспендиран на дури седум месеци поради прекршување на корона протоколите.
Новинаската агенција АНСА објави дека Лацио е казнет со 150.000 евра поради кршење на корона протоколите, но и дека клупските лекари Фабио Родиа и Иво Пулчини се суспендирани на 12 месеци, а првиот човек на „лацијалите“ Клаудио Лотито заработи седуммесечна суспензија.
Сепак, Лацио ја избегна најлошата казна за клубот во трката за подобра позиција на табелата, а тоа е одземање на бодови.

Лацио се најде на удар на итлаијанските медицински власти кога се откри дека неколку играчи биле позитивни на натпревари во Лигата на шампионите, но не и за дуелите од Серија А. Чиро Имобиле и Лукас Леива на 1. ноември минатата година играа за Лацио против Торино во рамки на Серија А, биле позитивни на коронавирус и тоапред натпреварот од ЛШ против Бриж кој се играл неколку дена претходно. Од истите причини, Имобиле и Леива го пропуштија против Зенит во ЛШ кој се играше неколку дена подоцна од средбата со Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот