Квалификации за СП 2023: Нов убедлив пораз на кошаркарите, овој пат од Грузија

Кошаркарите поразени на гостувањето кај Грузија/ фото:https:fiba.basketball

Кошаркарската репрезентација на Македонија го доживеа третиот пораз во третото коло во квалификациите за пласман на СП 2023. По поразите од Шпанија и Украина, „црвено-жолтите“денеска се поразени на гостувањето кај Грузија со убедливи 91:70.

Македонија на денешниот дуел настапи без неколку стандардни кошаркари, Дамјан Стојановски, Ѓуроски, Димитријевиќ, Магдевски, а беше лишена и за селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на коронавирус, тоа се почувствува во играта, а селекцијата на Грузија максимално го искористи тоа.

Грузија предводена од расположените Шермандини и Мек Фејден во првата четвртина имаа предност од девет поени (22:13) за на стартот од втората четвртина да дојде и до двоцифрена предност (32:20) по што без проблеми ја одржуваше предноста до крајот на натпреварот.

Благодарение на Мек Фејден и Шермандини кои заедно дадоа 32 поени, Грузија на полувреме имаше предност од 15 поени (46:31).

По паузата, Грузијците продолжија со ефикасната игра, и брзо стигнаа до предност од 20 поени (53:33). Слично и на првиот дел, „црвено-жолтите“ погодуваа периодично, мини серија направи Николов, далеку беа од некоја достижна негатива и Грузија ја забележа втората победа во квалификациите.

Војдан Стојановски со 15 поени и Дамјан Робев со 13 поени беа најдобри кај „црвено-жолтите“, добра партија прикажа и Бојан Крстевски со 11 поени и 11скока. За одбележување е дебито на Андреј Митревски, кој постигна три поени, како и на Павел Данаиловски и Валмир Какруки, кои добија минути на теренот, но не се запишаа во листата стрелци.

Поранешниот кошаркар на Карпош Соколи, Мекфаден, беше најпрецизен кај Грузија со 26 поени, додека Шермандини имаше учинок од 20 поени и 15 скока.
Следниот натпревар во квалификациите за СП 2023,кошаркарите ќе го играат в недела против истиот противник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот