Квалификации за СП 2023: Кошаркарите подмладени на мегдан со Грузија

македонска кошаркарска репрезентација
Двапати бевме поразени во февруари од Грузија/Фото: kfsm.mk

Кошаркарската репрезентација на Македонија денека од 16 часот во Тбилиси со натпреварот против Грузија ги продолжува квалификациите за пласман на СП 2023 година. Во првите две кола, „црвено-жолтите“ доживеаја два порази, дома од Шпанија и на гости од Украина, а денеска против Грузија ќе настапат подмладени.
Поради повреди отпаднаа неколку клучни кошаркари, а хендикеп ќе претставува и отсуството на селекторот Драган Бајиќ кој е позитивен на ковид-19. Но, затоа, во репрезентативниот дрес по скоро едногодишна пауза се враќа капитенот Војдан Стојановски, а против фаворитизираната Грузија ќе теренот ќе истрчаат неколку доскорешни репрезентативци до 18 и 20 години.

– Ни претстои исклучително тежок натпревар, не само поради квалитетот на противникот, туку и поради проблемите со кои се соочивме пред тргнувањето, како со повредените играчи, така и со отсуството на селекторот Бајиќ. Во секој случај, сигурен сум дека сите повикани ќе одговорат на задачите на највисоко ниво. За мене лично предизвикот да се води националниот тим претставува огромна чест и одговорност, дури и при вакви околностите. Без разлика што селекторот не е со нас, ќе се обидеме да ја спроведеме замислата во одбраната, да ги запреме нивните главни играчи кои се во извонредна форма. Тоа се бекот Мек Фејден и центарот Шермандини, кои настапуваат во најсилната европска лига, шпанската Ендеса. Верувам дека во нападот ќе ни се зголемат опциите со враќањето на капитенот Војдан Стојановски, што ќе влијае и на кревање на самодовербата кај сите останати репрезентативци. Се игра мини-лига систем каде што се важни не само победите, туку и секој поен, свесни сме за тоа и ќе одиграме максимално одговорно до последната секунда. Искрено се надевам на многу подобра игра на вториот меч со Грузија што ќе го играме на домашен терен, бидејќи ќе ни се приклучат и неколку стандардни првотимци кои поради оправдани причини (ситни повреди) не патуваат со нас во Тбилиси – изјави Александар Јончевски кој во отсуство на Бајиќ, ќе ги предводи репрезентативците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот