Квалификации Евро куп: Македонските баскетџии триумфираа против Унгарија

Сениорската селекција на Македонија во 3Х3 со пораз ги започна квалификациите за Евро купот кои се одржуваат во Братислава, Словачка.
Во „затворен амбиент“ (спортска сала во Братислава), во првиот натпревар од групата „Б“ на овој турнир, Австрија ја совлада нашата селекција со 22:17. На овој премиерен меч Ервин Цого постигна осум поени за нашата репрезентација, Ристов и Дујковиќ имаа по четири, додека Миновски уфрли еден поен.
Во вториот дуел македонските баскетџии стигнаа до првата победа во квалификациите, откако триумфираа над 21:12 против Унгарија.
Најефикасен за нашата селекција беше Марко Дујковиќ со осум поени, пред Христијан Ристов кој имаше шест, Ервин Цого пет, а Милорад Миновски уште два поени.
Сега се чека исходот од последниот меч од групата „Б“ во кој ќе се сретнат селекциите на Австрија и Унгарија.
Првопласираните две селекции од четирите групи обезбедуваат пласман во четвртфиналната фаза од овие европски квалификации во 3Х3.