Кузмановски втор стрелец против Кил во Бундеслигата

фото: die-recken.de

Денеска во рамките од второто коло во најсилната германска лига составот на Хановер-Бургдорф загуби на гостувањето кај Кил со резултат 34:31, иако на паузата водеше со 17:18.

Ова е втор пораз за Хановер-Бургдорф после стартниот триумф против Минден, додека за Кил ова е втора победа по ред. Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски беше втор стрелец во поразот на својот клуб со четири голови.

Истиот учинок го имаа уште неговите тимски колеги, Брозовиќ, Мартиновиќ и Јонсон, поефикасен од сите нив беше само данскиот интернационалец Хансен со девет голови.

На спротивната страна за популарните „зебри“ осумпати во листата на стрелците се запиша Швеѓанецот Екберг.

Нашиот голман Мартин Томовски имаше девет одбрани во домашниот пораз на Лудвигсхафен против Рајн-Некар Левен (24:26). Во останатите дуели од денешната програма: Кобург 2000-Лајпциг 22:29, Фуксе Берлин-Магдебург 22:32, Гепинген-Балинген 28:23 и Мелсунген-Лемго 27:21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот