Кузмановски и Магдебург со успешен старт во ЕХФ купот

фото: твитер

Во редовите на германскиот клуб настапи македонскиот репрезентативец кој придонесе во стартната победа со еден реализиран гол.

Денеска во првото коло од групата „Ц“ екипата на Магдебург на домашен терен со конечен резултат 32:26 (15:13) триумфираше над Горење Велење.

Во редовите на германскиот клуб настапи македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски кој придонесе во стартната победа со еден реализиран гол.

Кај неговите соиграчи најефикасен беше Петерсон со девет голови, четири помалку запиша Мертенс, а на спротивната страна за словенечката екипа Бојаниќ и Целминс имаа по пет погодоци.

Потсетување дека во последното квалификациско коло за пласман во групната фаза на ЕХФ купот, Горење Велење го елиминираше нашиот претставник Металург.

Во ова клупско ракометно натпреварување нашата земја уште двајца претставници, Борко Ристовски со португалската Бенфика и Кирил Лазаров со францускиот Нант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот