Курти најави можно преиспитување на одлуката за отворање косовска Амбасада во Ерусалим

epa08481415 Albin Kurti, leader of the opposition party Vetevendosje (Self-determination), wearing a face mask, attends a rally with supporters in Pristina, Kosovo, 12 June 2020. Thousands of supporters gathered at the capital city's main square to celebrate the 15th anniversary of the party's founding and Liberation Day, which marks the deployment of NATO forces on the ground. EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на партијата Движење Самоопределување (ВВ), Албин Курти, кој се очекува да биде иден премиер на Косово, по победата на неговата партија на парламентарните избори на 14 февруари, на денешната средба со амбасадорот на Република Турција во земјата, Чагри Сакар најави дека е можно да ја преиспита одлуката на претходната влада за отворање амбасада во Ерусалим.

На овој начин, како што јави дописникот на МИА од Приштина, Курти одговори на барањето на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во писмо веднаш по изборите побара од Курти како иден премиер да ја поништи претходната одлука на Владата на Авдулах Хоти за признавање на Ерусалим за главен град на Израел.

Според соопштението објавено на официјалната страница на ВВ на Фејсбук, Курти на средбата со амбасадорот Сакар го нагласил зачењето за Косово на признавањето на неговата независност од страна на Израел, но најавил дека ќе ја разгледа одлуката за местото каде што ќе се наоѓа амбасадата.

– Признавањето и воспоставувањето дипломатски односи со израелската држава е мошне значајно за Косово и претставува добра можност за развој, а што се однесува до местото каде ќе се отвори амбасадата, тоа е прашање кое ќе се разгледа откако ќе ја видиме и документацијата на владата во заминување, го цитира ВВ својот лидер.

Турскиот амбасадор, се вели натаму во соопштението, му честитал на Курти за изборните резултати и го нагласил интересот на Анкара за соработка со новата влада во Приштина, додека идниот косовски премиер порачал дека во односите со Турција ќе се фокусира на зголемување на билатералната соработка, посебно во областа на економскиот развој.

Веднаш по писмото од Ердоган, Курти доби официјална покана од Израелскиот премиер Бењамин Нетанјаху да присуствува „на свечениот чин на отворањето косовско дипломатско претставништво во Ерусалим”.

По овие писма, во косовската јавност се поведе дискусија за тоа дали идниот премиер треба да се приклони кон Турција, како традиционален сојузник, или пак кон Израел, на што инсистираше официјален Вашингтон во време на претседателот Доналд Трамп, со оглед дека САД се најбитниот и најсилниот сојузник на Косово. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот