Фото: ФК Шкендија

Куп: Тетовска Шкендија со пресврт до предност пред реваншот против Шкендија Арачиново

Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Македонија, фудбалерите на Шкендија од Тетово остварија победа од 3:2 над Шкендија Арачиново. Иако домашните славеа, неизвесноста останува за реваншот по серијата пресврти на денешниот меч.

Натпреварот започна динамично за тетовци. Уште во првата акција беше досуден пенал за домашната екипа, откако гостинската одбрана не успеа да интервенира навремено и беше соборен Ване Крстевски. Сигурен реализатор од 11 метри беше Трумчи, кој донесе предност од 1:0.

Гостите се заканија во 10 минута преку слободен удар, но голманот Амзаи беше на висина на задачата. По неколку обиди на Ислами и Крстевски за домаќините, Шкендија од Арачиново успеа да израмни во 30 минута – Шаркоски центрираше, а Нухиу со прецизен удар со глава погоди за 1:1. Пред крајот на полувремето (43’), гостите приредија целосен пресврт преку Ливарека, кој по одличен продор погоди за водство од 1:2.

Домаќините влегоа решително во вториот дел и веќе во првата посериозна акција преку Ване Крстевски израмнија на 2:2. Притисокот продолжи, а Красниќи во 64 минута пропушти идеална шанса за водство.

Сепак, во 68 минута, по центаршут на Красниќи од слободен удар, Анес Мелиќи од непосредна близина ја затресе мрежата за 3:2. Последните 15 минути донесоа голема возбуда. Во 75 минута, Адили со извонреден соло-продор и силен удар за малку не го израмни резултатот.

Во 89 минута, Шаркоски се закани по десната страна, но Амзаи повторно беше сигурен. Во судиското продолжение. Рушити упати силен удар од далечина, но голманот Амзаи со уште една успешна интервенција ја сочува победата на тетовската екипа.

Реванш натпреварот (6 мај) ќе го одреди патникот во големото куп финале, каде Шкендија од Тетово ќе влезе со предност од еден гол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот