Куп на Македонија 2024 – жени: Трофеј има еден, а желбите се четири

фото: kfsm.mk

Овој викенд во СРЦ „Кале“ ќе се игра финалниот турнир од кошаркарскиот Куп „Благоја Георгиевски-Буштур“ во женска конкуренција.

Четири екипи со исти желби да се освои победничкиот пехар тргнуваат на турнирот кој овој викенд (2-3 март) ќе се одржи во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Претставниците на четирите финалисти, Баскет кам 2011, Крива Паланка, Вардар и МЗТ Скопје Аеродром на прес-конференцијата ги искажаа своите очекувања во пресрет на полуфиналните средби кои се на програмата на 2 март (сабота).

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром ја има таа чест да го брани победничкиот трофеј кој го освои во ланското издание на финалниот турнир. Тренерот на екипата од Аеродром, Горан Крстевски ги искажа своите очекувања поврзани со учеството на финалниот турнир:

– На сите учесници да им посакам добра игра. Би бил среќен ако салата биде полна и да направиме ова да биде празник на кошарката и женската кошарка да го подигне нивото. Куп натпреварите вообичаено, се без фаворити. За мене сепак прв фаворит е екипата на Баскет кам, барем според она што го прикажуваат сезонава. Што се однесува до полуфиналето со Вардар, очекувам добра игра. Иако ги победивме два пати сезонава, сепак тешко е да ги победиш и трет пат во низа. Затоа блага фаворитската улога му ја препуштам на Вардар. Меѓутоа, далеку од тоа дека ние ќе се предадеме. Напротив ако се укаже шанса сакаме да го одбраниме трофејот – вели Крстевски.

КУП „БЛАГОЈА ГЕОРГИЕВСКИ-БУШТУР“ 2024 – ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

2 МАРТ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

16.00: Баскет кам 20111 – Крива Паланка
18.30: Вардар – МЗТ Скопје Аеродром

3 МАРТ (НЕДЕЛА)

16.15: ФИНАЛЕ (пренос МРТ3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот