Култната игра ГТА 5 претрпе промени поради обвинувањата за трансфобија

ГТА5 / Фото: ИМДБ / Рокстар Гејмс

За култната акциона игра ГТА 5 промените не се невообичаени. Играта, оригинално објавена во 2013 година, за Плејстешн 3 и Икс-бокс 360, претрпе многу измени низ годините.

Веќе неколку години, ЛГБТИ+ здруженијата бараа од Рокстар Гејмс да ги отстрани или измени материјалите, кои според нив се трансфобични, од играта Grand Theft Auto V – или планетарно позната како ГТА 5.

Иако своевремено играта доби многу позитивини критики, имаше и негативни, од кои најмногу за тортура, како и насилство над жените. Новинарката Каролин Петит беше „бомбардирана“ со негативни коментари откако јавно реши да зборува за играта, дека е мизогина, а гигантот за продажба „Таргет“ ја отстрани од своите маркети.

Сепак, овие обвинувања добија поголема видливост периодов. Сега, луѓе што ја играат најновата верзија од играта забележиле промени кога станува збор презентирањето на трансродовите лица во ажурираната верзија на играта, која неодамна беше пуштена за Плејстешн 5 и X/S серијата за Икс0бокс, пишува UKGamingBible.

За промените во последната верзија „твитна“ KirstyCloud,  админ на форумите на ГТА:

Во септември изминатата година, АутМејкингГејмс (ЛГБТИ+ колектив од В. Британија од гејминг индустријата) преку јавно писмо до девелоперите на Рокстар Гејмс побараа да се преиспита начинот на кој се претставени транс и родово-различните лица. Во писмото, тие обвинуваат дека играта промовира „екстремно штетни стереотипи“ кои поттикнуваат „одбивност и убиство“ на таквите карактери во ГТА5.

Засега нема коментар од Рокстар Гејмс за промените и се уште е непознато дали оваа ажурирана верзија ќе ги опфати и постарите верзии на ГТА5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот