Фото: Принтскрин/Инстаграм / MGM - Pathe Entertainment - Perc/AFP/Profimedia

Култната феминистичка класика „Телма и Луиз“ е на овогодишниот постер на Канскиот филмски фестивал

Канскиот филмски фестивал има долга историја на користење иконични слики од култни филмови како основа за своите постери, оддавајќи почит кон историјата на киното, објави „Еуроњуз“.

Фестивалот го претстави најновот постер за своето 79-то издание, кој оваа година оддава почит на филмот на Ридли Скот, „Телма и Луиз“ (Thelma & Louise).

Фотографијата од Роланд Неве ги прикажува филмските ѕвезди Сузан Сарандон и Џина Дејвис на врвот од нивниот форд тандерберд кабриолет и му оддава почит на наследството на првиот феминистички филм, кој премиерно беше прикажан во Кан на 20 мај 1991 година, пред 35 години.

Организаторите на Канскиот филмски фестивал го пофалија филмот за кршење на родовите стандарди и предизвикување на филмските конвенции, објаснувајќи дека филмот продолжува да ја одржува релевантноста и денес.

„Овие два незаборавни лика ги сменија работите и срушија родови стереотипи, тие отелотворија апсолутна слобода и непоколебливо пријателство. Сеќавањето на ова денес значи славење на веќе поминатиот пат, без да се занемари она што сè уште останува пред нас“, се вели во соопштението на фестивалот.

„Телма и Луиз“ станаа хит на бокс-офисот во 1991 година и потоа освои шест номинации за Оскар, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка за двете главни улоги. Филмот ја освои наградата за најдобро оригинално сценарио за Кали Кури.

Канскиот филмски фестивал ќе се одржува од 12 до 23 мај, а јужнокорејскиот режисер Парк Чан-вук ќе го предводи жирито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот