Куче со веѓи! Запознајте го најнеобичниот миленик во светот (ФОТО+ВИДЕО)

инстаграм

Откако на улица на периферијата на рускиот град Братск во источен Сибир го собрале ова петмесечно кученце, волонтерите го сместиле во прифатилиште за напуштени животни.

Најпрвин темелно го исчистиле и всушност помислеле дека некој лошо се пошегувал со несреќното животно цртајќи му веѓи.

– Долго работам во прифатилиштето но никогаш не сум видела нешто слично, изјави волонтерката Олешња Новополтсева.

Ветеринарите го прегледале и заклучиле дека е сосема здраво, а неговите впечатливи веѓи се дело на „мајката природа“ и необичната пигментација која, може да се појави и во следната генерација од кутриња, односно кај неговите потомци.

Кученцето стана интернет сензација, погледнете…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот