КСС: Заштитувајќи се од Ковид – 19 работниците се грижат и за работното место

– Оваа пандемија покажа колку е изложен на удар системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и брзо може да се шири вирусот преку работните места, нагласуваат од КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати апелира до работниците да ги почитуваат мерките за заштита на работното место.

Оттаму посочуваат дека почитувањето на мерките е важно затоа што доколку е загрозено здравјето на работникот, тогаш загрозени се и работното место и работата на целата компанија.

– Свесни сме дека се наоѓаме во неизвесен и кризен период каде работникот е изложен на можна инфекција од Ковид-19, а со тоа и ширење кон другите колеги. Оваа пандемија покажа колку е изложен на удар системот на безбедност и здравје при работа и колку лесно и брзо може да се шири вирусот преку работните места, нагласуваат од КСС.

Според синдикатот, не секаде уредно се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот