Крстевски: Нема да биде воопшто лесно против Шпанија и Украина

Бојан Крстевски подготвен за новите репрезентативни обврски/Фото: kfsm.mk

Бојан Крстевски е еден од поискусните играчи во актуелниот ростер на македонската сениорска репрезентација. Сега веќе 33 годишниот кошаркар на МЗТ Скопје е свесен за предизвиците кои ги со себе ги носат последните два натпревари од првиот круг од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

– Веќе се навикнавме на ваква ситуација, затоа што никогаш досега не бевме комплетни, меѓутоа што е тука е, ова е шанса за некои од новите генерации да покажат што знаат и умеат. Нема да биде воопшто лесно против Шпанија и Украина. Мора да се прикажеме во добро светло, а и за младите да стекнат некое искуство за иднина, а ние сме сите тука да им помогнеме – рече Крстевски.

Искусното крило жали што досега немавме барем еден успех во овие квалификации. И дека во голема мерка таквиот резултат е поради скратената ротација која ја имаше стручниот тим на располагање во претходните два ФИБА „прозорци“.

Она што е позитивно е доаѓањето на некои млади кошаркари кои се веќе дел од подготовките за овој квалификациски циклус, секако и за оние кои следуваат.

– Имавме некои солидни моменти во овие квалификации, но не дојдовме до победа на крајот. Мислам дека тогаш пресуди скратената ротација, ако го имавме цел тим, можеше да биде поинаку. Младите се вклопуваат добро, за нив ова ќе биде одлично искуство. Гледам во сите голем потенцијал за иднината, исто и во У20 репрезентацијата, од таму имавме со нас во минатото лето неколку момци. Се наоѓаме на добар пат, добро е помладите да си фатат ритам уште од помлади години за да стекнат искуство, а за талент несомнено дека имаме – вели Крстевски.

Рубин Стефанов: Се надевам дека ќе ја оправдам довербата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот