Крстаноска: Со тимска игра до добри резултати во ЛШ

Крстаноска ќе се обиде со нејзиното меѓународно искуство да помогне и придонесе во остварувањето на добри резултати во наредниот период.

Таа веќе тренира со тимските колешки и се подготвува за настапот во квалификациите од Лигата на шампионите.

Во групата Ц освен Брезница играат уште НСА Софија (Бугарија), Митровица (Косово) и Олимпија Клуж (Романија). Само првопласираната екипа оди во нокаут фазата, а турнирот ќе се одржи на терените во Црна Гора, поточно Никшиќ и Петровац.

– Во среда нè очекува првиот натпревар од квалификацискиот турнир за ЛШ. Верувам дека со добра тимска игра, ќе успееме да постигнеме добар резултат уште на стартниот меч, а се надевам и на останатите два – ни изјави Крстаноска.

Првиот дуел Брезница ќе го има на 7 август од 20.00 часот против НСА Софија, три дена подоцна од 18.00 часот со Олимпија Клуж, а на 13 август ривал е Митровица од 17.30 часот.

Потсетување дека во овие квалификации настапува и нашиот шампион ЖФК Драгон 2014.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот