Криза во авто – индустријата: „Фолксваген“ за половина година со загуба од 800 милиони евра

Архива на СП

Продажбата на возила во извештајниот период паднала за 23,2 отсто, додека испораките потонале за 27,4 проценти на годишно ниво.

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ извести дека во првата половина од 2020 година регистрирал оперативна загуба од 800 милиони евра како резултат на енормниот пад на продажба на автомобили поради кризата со корона вирусот.

Во истиот период претходната година компанијата работеше со добивка од 10 милијарди евра.

Продажбата на возила во извештајниот период паднала за 23,2 отсто, додека испораките потонале за 27,4 проценти на годишно ниво.

На престојниот Годишен собир на акционери закажан за септември, германскиот производител планира да предложи намалување на дивидендата за 2019 година на 4,80 евра за обична акција, во однос на најавените 6,50 евра.

Акциите на „Фолксваген“ од почетокот на годината паднаа за 21,5 отсто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот