Фото: Креирана илустрација

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола, осомничениот лишен од слобода

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.

Како што соопшти полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу 1 часот по полноќ од страна на полициски службеници, а при извршен претрес во неговиот дом, со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.

Според пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година околу 18 часот и 10 минути се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола, при што со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и се дал во бегство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот