Кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор против Сашо Мијалков

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Како што е наведено во соопштението, откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја  предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд,  советот во корелација со документацијата за соменевањето за бегство приложена од обвинителството со прилог  известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и  донесе решени со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување.

Против ова решение, како што велат од Судот, странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.

-Во однос на сите медиумски прашања, судот во текот на вчерашниот ден, имајќи ја предвид итноста на постапувањето и почитувајќи ги надлежностите на Јавниот обвинител и МВР, не ги коментираше шпекулациите и непотврдените информации во однос на постапката се со цел на наштети на истата, за што бараме разбирање од новинарите, се наведува во соопштението од Основен кривичен суд Скопје.

ФОТО: „Мериот“ под полициска опсада, од Мијалков ни трага ни глас

ФОТО: Полиција и пред куќата на Мијалков на Водно

ВИДЕО | Проф. Ременски: Бегството на Мијалков е голем удар и срам за нашиот правосуден систем

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот