Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Критичарите ги избраа најлошите филмови за 2025 година: Иритантни ликови и мачно искуство за гледање

Водечките филмски критичари на „Варајати“ (Variety), Овен Глајберман и Питер Дебруж, ги објавија своите листи на најлоши филмови за оваа година.

Како што наведуваат, секој филм носи некаква лекција – дури и кога е лош. Овен Глајберман ги издвои своите пет најнеуспешни остварувања за 2025 година:
– „Еден“ (Eden),

– „Пет ноќи кај Фреди 2“ (Five Nights at Freddy’s 2),

– „Заветот на Ен Ли“ (The Testament of Ann Lee),

– „Побрзај до утре“ (Hurry Up Tomorrow) и

– „Анемона“ (Anemone).

Од друга страна, Питер Дебруж како најлоши ги посочи следните филмови:
– „Животот на Чак“ (The Life of Chuck),

– „Електричната држава“ (The Electric State),

– „Војна на световите“ (War of the Worlds),

– „Актерот“ (The Actor),

– „Присуство“ (Presence) и

– „Снежана“ (Snow White).

Според Глајберман, филмот „Еден“ (Eden) претставува хаотична мешавина од историска драма сместена на еден од Галапагоските Острови во 1929 година. Гледачите се соочуваат со бројни ликови – од ексцентрични до целосно неподносливи. Најчудното, според него, е очекувањето публиката да се поистовети со приказната, па дури и иронично предлага филмот да се вика „Бескраен хаотичен пекол“.

За „Пет ноќи кај Фреди 2“ (Five Nights at Freddy’s 2), Глајберман вели дека е филм без крв, без вистински страв и без напнатост – приказна за духовите на убиени деца кои „живеат“ во маскотите на Фреди Фазбер. Тој дури тврди дека евентуалниот трет дел би бил вистинско мачење за публиката.

Филмот „Заветот на Ен Ли“ (The Testament of Ann Lee), според него, се обидува да биде строго уметнички и храбар, но на крајот излегува напорен и расфрлан. Во центарот е ликот на Ен Ли, која ја толкува Аманда Сајфрид, а која расте во Манчестер и, поради трауматично детство, развива искривен поглед на светот.

„Побрзај до утре“ (Hurry Up Tomorrow) е опишан како претенциозна драма за поп-идол кој доживува нервен слом, додека „Анемона“ (Anemone) се најде на петтото место поради тешката тема за нарушени семејни односи и сексуална злоупотреба во рамките на Католичката црква.

Според Питер Дебруж, најлош филм за 2025 година е „Животот на Чак“ (The Life of Chuck). Тој смета дека филмот не ѝ остава простор на публиката сама да донесе заклучоци и се потпира на емоционална манипулација. Иако добил награда на Филмскиот фестивал во Торонто, Дебруж вели дека филмот му одзел драгоцено време од животот.

На второто место кај него е „Електричната држава“ (The Electric State), со апсурдна приказна и исклучително иритантни ликови. Трет е „Војна на световите“ (War of the Worlds), каде рапер користи хакерски вештини за да ги спаси своите деца.

Четвртото место го зазема „Актерот“ (The Actor), кој Дебруж го опишува како неразбирлива егзистенцијална мистерија за актер со амнезија што се обидува да го состави својот изгубен идентитет.

За „Присуство“ (Presence) вели дека е филм за уклета куќа раскажан од перспектива на дух, со досаден почеток и крај во кој напнатоста целосно исчезнува.

На крајот, тој остро го критикува и филмот „Снежана“ (Snow White), тврдејќи дека целосно ја исцрпува магијата и убавината на оригиналната приказна. Дел од актерската екипа ја опишува како безлична, а целиот филм како лишен од енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот