Кристен Бел по 6 години жали за уникатното име на ќерка ѝ

кристен бел
ФОТО: EPA-EFE/NINA PROMMER

Како повеќето холивудските родители Кристен Бел и сопругот Дакс Шепард имаат избрано уникатни имиња за своите деца. Нивните ќерки ги добиле имињата по претседател и по смс порака.

Имено, осумгодишната Линколн го добила името по Абрахам Линколн, поранешниот претседател на САД, а шестгодишната Делта го добила името по смс-пораката што ја добил нејзиниот татко Дакс од неговиот пријател, која гласела: „Дали ќе одбереш и друго лошо име, да речеме Делта Форс/Delta Force?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kristen bell (@kristenanniebell)

Иако Бел очигледно е обожавателка на оригиналните имиња, поради пандемијата на коронавирусот, таа се премислила за името на нејзината помлада ќерка.

„Навистина се надевам дека наместо делта сој, луѓето ќе продолжат да го користат името корона“, се пошегува таа во својот подкаст „We Are Supported By“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by kristen bell (@kristenanniebell)

Актерката вели дека на Делта не ѝ пречи фактот што сега го дели името со вирусот ковид-19. „Таа има шест години, па се воодушевува секој пат кога ќе го види своето име на интернет или на телевизија. Сè уште ја возбудува тоа“.

Извор: „Index“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот