„Крис Рок е опседнат со сопругата на Вил Смит цели 30 години“: Комичарот повторно ја прозва Џејда

Фото: ЕПА /Принтскрин -Инстаграм

Крис Рок ја спомена Џејда Пинкет Смит во својот говор на минатогодишното доделување на Оскарите. Смит првично се насмеа на коментарот, но кога ја виде лутата реакција на неговата сопруга, и тој се налути и излета на сцената и му удрил шлаканица на Рок. Кога се вратил на своето место, Смит извикал: „Не го изговарај името на мојата сопруга“. Овој шамар му донесе десетгодишна забрана да се појави на доделувањето на наградите.

Извори блиски до семејството Смит го обвинуваат Крис Рок дека е опседнат со Џејда Пинкет-Смит, откако комичарот повторно ја прозва актерката и нејзиниот сопруг Вил Смит во својот нов стендап-перформанс.

крис рок
Крис Рок / Фото: Принтскрин – Инстаграм

Како што наведуваат изворите, комичарот бил „опседнат со актерката над 30 години“, а таа наводно била шокирана колку пати Рок ја нарекол „кучка“ во своето шоу „Chris Rock: Selective Outrage“ кое е достапно на „Нетфликс“.

Фото: ЕПА

И пред премиерата, многу фанови го критикуваа Крис Рок бидејќи го одбрал Балтимор за снимање на својот стендап бидејќи тоа е родниот град на Џејда, а таму зборувал за шлаканицата на доделувањето на Оскарите, дружењето на Џејда со поранешниот партнер Август Алсина и слично.

„Џејда нема никаква улога во целата оваа драма, освен што ја малтретираат. Крис е опседнат со неа и тоа трае веќе 30 години. Погледнете каде избрал да се снима неговиот специјал на „Нетфликс“. Нејзиниот роден град. Тој е опседнат“, вели изворот.

вил смит
Фото: Профимедиа

Крис Рок ја исмеа актерката и поради една ситуација од 2015 година, кога го замолила да не биде домаќин на доделувањето на „Оскарите“ откако Вил не бил номиниран за улогата во филмот „Concussion“.

„Пред неколку години сопругата на Вил Смит ми рече дека треба да се откажам од „Оскарите“. Не требало да бидам водител бидејќи нејзиниот сопруг не беше номиниран за филмот ‘Concussion’ (Потрес на мозок), а неколку години подоцна тој ми нанесе потрес на мозокот“, вели Рок во снимениот настап.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит/ Фото: Профимедиа

Помина речиси една година од мегаскандалот на „Оскарите“, кога Вил Смит, со кој Џејда е во брак повеќе од 25 години, се качи на сцената на доделувањето на наградите и му удри шлаканица на Рок, откако комичарот се шегуваше на сметка на ќелавата глава на актерката.

 

ВИДЕО | Вил Смит по скандалот на Оскарите го одржа првиот јавен говор и доби награда

По шамарот на Вил Смит, Академијата воведува „кризен тим“ за овогодинешните Оскари

ВИДЕО | Еди Марфи се пошегува: За да бидете успешни, не го спомнувајте името на сопругата на Вил Смит

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот