Фото: EPA/NINA PROMMER

Крис Еванс и неговата 16 години помлада сопруга во тајност го добија првото дете

Познатиот актер Крис Еванс и неговата 16 години помлада сопруга, португалската актерка Алба Баптиста, станаа родители.

Среќната вест ја објавија американските медиуми, откривајќи дека Алба родила девојче по име Алма Грејс во саботата во американската држава Масачусетс.

Малечката е родена во 13:27 часот, а двојката, според изводот од матичната книга на родените, ѝ ги дале двете презимиња – Еванс и Баптиста. Ова е нивното прво дете и доаѓа само неколку недели откако ја прославија втората годишнина од бракот.

Додека Крис се појавуваше на премиери и настани во последните месеци, Алба речиси целосно се повлече од јавноста. Гласините за нејзината бременост започнаа уште во јули, кога нејзиниот татко Луиз Баптиста наговести дека семејството очекува бебе.

„Крис, доаѓа твојот ред!“ напиша тој под честитката за Денот на татковците.

Еванс никогаш не ја криел својата желба да стане татко. Во ноември 2024 година, во интервју за „Аксес Холивуд“, тој потврди дека би сакал да има деца.

„Да, се надевам. Титулата татко е возбудлива“, рече тој тогаш.

Инаку, нивната љубовна приказна започна тивко. Тие првпат се поврзани во 2021 година, но долго време ја криеја својата врска од очите на јавноста. Актерот се сврши со својата партнерка на почетокот на 2023 година, тој на многу романтичен начин ѝ предложи брак, на нејзиниот мајчин јазик, португалски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот